МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ВО СОСТАВОТ НА ЛЕВАНТЕ

„МАРКА“: Нема проблеми за Барди, „фит“ за мечот со Реал Мадрид! (ФОТО)

Во сабота од 13:00 часот на „Сантјаго Бернабеу" составот на Леванте игра против Реал Мадрид во рамките од деветтото коло во најквалитетното шпанско првенство. Тренерот Пако Лопез откри кои имиња ќе ги има на располагање за претстојниот дуел со „кралевите", а меѓу нив е и македонскиот репрезентативец Енис Барди.

објавено: 19 октомври 2018 - 16:30

Во сабота од 13:00 часот на „Сантјаго Бернабеу" составот на Леванте игра против Реал Мадрид во рамките од деветтото коло во најквалитетното шпанско првенство. Тренерот Пако Лопез откри кои имиња ќе ги има на располагање за претстојниот дуел со „кралевите", а меѓу нив е и македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Леванте: Ојер, Коке Вегас, Аитор Фернандез, Тоњо, Робер Пјер, Чема, Постиго, Кабако, Педро Лопез, Дукуре, Симон, Прчиќ, Барди, Моралес, Рочина, Жасон, Кампања, Рожер, Рафаел, Боатенг.

Останува да се види дали стратегот на Леванте ќе му даде шанса на нашиот интернационалец од првата минута или ќе биде на клупата за резерви, со оглед на неодамнешните настапи во УЕФА Лигата на нации со националната селекција.

Реномираната „Марка“ известува дека повредата од дуелот со Ерменија го стави под сомнеж неговиот настап на „Бернабеу“, но медицинските тестови покажале дека тој е способен да игра.

Да потсетиме дека во минатото коло дека токму Барди беше најзаслужниот за гостинскиот триумф над Хетафе (0:1) со еден прекрасен удар од слободен удар од скоро 30. метри, а тогаш интересно не беше стартер, туку настапи во второто полувреме.

Воедно познати се паровите во 1/16 финалето од шпанскиот Кралски куп, Леванте ќе игра против Луго, а Рајо Ваљекано на нашиот голман Столе Димитриевски ќе ги одмери силите против Легањес.

Најново во Фудбал