НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ СО ПОФАЛБИ ПОСЛЕ ТРИУМФОТ НА ФЕНЕР

Лига Европа: Одлични перформанси и дриблинзи на Елмас против Трнава! (ВИДЕО)

Фенербахче во четвртокот на домашен терен во второто коло од Лига Европа ја совлада екипата на Трнава со 2:0 за прв триумф сезонава во ова фудбалско натпреварување.

објавено: 5 октомври 2018 - 17:45

Повторно цел од страна на тренерот Филип Коку доби нашиот интернационалец Елиф Елмас едноставно беше вистински „мотор" на средината од теренот, и доби нови пофалби за неговата игра од страна на фановите на турскиот клуб.

Точни додавања до своите тимски колеги, неколку убави дриблинзи, блокирања со цел да не му се дозволи на противникот да креира напад.

Исто така, храбри обиди од македонскиот репрезентативец да постигне гол против Словаците, а беше и блиску да биде асистент. Сето ова не само што е добро за тимот на Фенербахче, туку и за нашата сениорска селекција пред новите настапи во УЕФА Лигата на нации овој месец.

На табелата во групата Д од ЛЕ води Динамо Загреб со максимални шест бодови, по три имаат Фенербахче и Трнава, а последен е Андерлехт. Во следното коло Фенер на 25. октомври ќе гостува во Белгија кај Андерлехт.

Најново во Фудбал