МАКЕДОНСКИОТ ГОЛМАН БЛЕСКА ВО ДРЕСОТ НА РАЈО ВАЉЕКАНО

„Ла Лига“: Димитриевски во тимот на колото со Меси, Гризман...! (ФОТО)

Навивачите на Рајо Ваљекано се свесни дека можен е опстанок сезонава во најсилната шпанска лига, а еден од најзаслужните кон тој пат може да биде нашиот чувар на мрежата.

објавено: 8 јануари 2019 - 08:00

Повторно Столе Димитриевски се наоѓа меѓу најдобрите 11 играчи овој пат на 18. коло на „Ла Лига", Рајо славеше и освои големи три бода на гостувањето кај Ваљадолид (0:1).

При водство во 87. минута македонскиот голман одбрани пенал, но севкупно имаше одличен меч, бидејќи придонесе со уште неколку клучни одбрани.

Големи пофалби од навивачите на овој клуб кои исто така знаат дека „најголем проблем" пред доаѓањето на Столе беше токму голманската позиција, а да потсетиме Димитриевски е на позајмица од второлигашот Химнастик Тарагона.

Од шпанските медиуми добива највисока оценка, а веќе и се наоѓа во идеалниот тим на колото со најголемите фудбалски ѕвезди како Лионел Меси (Барселона), Ињаки Вилијамс (Атлетик Билбао), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), потоа Хесус Навас (Севиља), Жорис Нјанон (Севиља), Хосе Анхел (Еибар), Томас Партеј (Атлетико Мадрид), Дани Парехо (Валенсија), Микел Мерино (Реал Сосиедад), Алекс Галар (Хуеска).

Најново во Фудбал