МАКЕДОНЕЦОТ ОБЕЗБЕДИ ТРИ ГОЛЕМИ И КЛУЧНИ БОДОВИ

„Ла Лига“: Димитриевски е херојот, во финишот одбрани пенал за голема победа на Рајо! (ВИДЕО)

Во првиот натпревар од денешната програма на 18. коло во најсилното шпанско фудбалско првенство составот на Рајо Ваљекано запиша клучни бода во борбата за опстанок.

објавено: 5 јануари 2019 - 14:58

Ова е втор триумф по ред за играчите на тренерот Мишел, по последниот меч против Леванте на Енис Барди (2:1), денеска во првиот дуел од новата 2019. година, на гостувањето Рајо со 0:1 славеше против Ваљадолид.

Во седмиот официјален настап оваа сезона во „Ла Лига", македонскиот голман Столе Димитриевски по втор пат успеа да ја зачува мрежата незатресена, тоа претходно му успеа во победата на 30. ноември лани на домашен терен против Еибар (1:0).

Стрелец на единствениот гол за гостите го реализираше Медран уште во првата минута, поточно после 29. секунди донесе позитива после асистенцијата на Де Томас. Ова е најбрзиот гол досега сезонава во „Ла Лига". Освен стрелецот, и Димитриевски беше еден од најзаслужните за трите бода, бидејќи во 87. минута му одбрани пенал на Мигел.

И понатаму поради гол-разликата Рајо е во опасната зона за испаѓање, поточно на претпоследната 19. позиција со 16 бодови, но сега се иразмни со Виљареал кој засега е „безбеден", а не така далеку се Ваљадолид (21), Реал Сосиедад (19) и Легањес (19).

Најново во Фудбал