ЕГИПЌАНИТЕ ОСТАНАА БЕЗ ЕДЕН ПРЕСТАВНИК

Клубот на Јаневски исфрлен од ЛШ!

Африканската фудбалска конфедерација го исфрли египетскиот Исмаили од тамошната Лига на шампиони поради прекинот на мечот со тунискиот Клуб Африкан минатата недела

објавено: 24 јануари 2019 - 15:22

Дуелот на Исмаили со Клуб Африкан во второто коло од групата Ц не го дочека крајот поради тоа што навивачите на египетскиот тим предизвикаа прекин во моменти кога Тунижаните имаа водство од 2:1. Имаше уште пет минути до крајот, а бесните навивачи почнаа да фрлаа камења, факели и разни други предмети по фудбалерите поради што судијата ги повлече фудбалерите и го прекина натпреварот.

Така ЦАФ денеска одлучи да го исклучи клубот предводен од Чеде Јаневски од групната фаза на Лигата на шампиони и да ги поништи сите негови резултати (доживеа два порази во првите две кола).

По ова Констанинос има шест бодови во групата, додека Африкан и Мазембе имаат нула, а тие во следното коло ќе играат меѓу себе.

А Исмаили денеска имаше првенствен дуел со Петроџет на гости кој го доби со 1:0. Клубот на Јаневски по 16. кола го зазема 14. место на табелата во египетската лига. Тоа е прва победа на нашиот стратег во третиот меч на клупата на овој тим.

Најново во Фудбал