ОСУМИНА МАКЕДОНСКИ ИНТЕРАНЦИОНАЛЦИ НА ЕВРОПСКИ МЕГДАН

ИВАНОВСКИ СО ХАЈДУК ЈА ГОСТИ СТЕАУА

*На програмата се првите натпреаврите од 3. квалифиакциско коло во Лига Европа, каде макеоднските фудбалски „печалбари" со своите екипи ќе се обидат да си обезбедат продолжен престој на меѓународната сцена

објавено: 9 август 2018 - 16:05

На меѓународната клупска сцена денеска е резервиран ден за натпреварите од второто по ранг клупско натпреварување – Лига Европа, каде ќе се одиграат првите натпревари од третото квалификациско коло. Во ова натпреаврување Македонија остана без свој клупски претставник, бидејќи сите три екипи Вардар, Работнички и Шкупи испаднаа уште во првата рунда, но затоа пак ќе играат тимови на осумина наши фудбалски „печалбари".

Колку и кои од македонските интеранционалци ќе добијат доверба од тренерите да настапат е неизвесно.

Повремениот македонски репрезентативец Мирко Ивановски со својот нов клуб, хрватскиот Хајдук на мегдан ќе излезе против некогашниот европски првак романската Стеауа (ФЦСБ - сегашно ново име). Првиот меч се игра во Сплит.
Иван Тричковски со кипарскиот АЕК Ларнака ќе гостува кај австрискиот Штурм, а хрватскиот состав на Риека чиј членови се Дарко Велковски кој најверојатно нема да настапи поради рехабилитација од повреда и Леонард Жута, ќе гостува кај швајцарскиот Сарпсборг. Даниел Аврамовски со словенечката Олимпија го пречекува финскиот Хелсинки, а Едис Малиќи со албанскиот Кукс гостува кај грузискиот Торпедо, додека Бесир Демири со украинскиот Мариопол го пречекува францускиот Бордо.

Ристе Митревски со израелскиот Хапоел Хаифа ја пречекува италјанската Аталанта која во претходната рунда од ова натпреварување го растури на гостински терен Сараево (8-0) за кого настапуваше Крсте Велкоски.

Најново во Фудбал