МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛСКИ НАДЕЖИ ИГРААТ ЗА ФЕНЕР И БУРСАСПОР

Елмас и Атанасов во Топ 10 највредни У21 фудбалери во Турција (ФОТО)

Елиф Елмас се подготвува со својата национална селекција за претстојните два нови натпревари од УЕФА Лигата на нации против Лихтенштајн и Ерменија.

објавено: 11 октомври 2018 - 20:30

Македонскиот репрезентативец уште во пред сезоната започна да блеска кај холандскиот тренер Филип Коку кој имаше само пофалби за нашиот интернационалец.

Но, од друга страна навивачите се сепак разочарани поради резултатите на клубот особено во турскиот шампионат.

19. годишниот Елмас веќе го имаше и дебитантскиот гол за првиот тим на Фенербахче, несомнено еден од нашите најголеми фудбалски таленти.

Тоа и го препознаваат во Европа, еве на пример „скаути" од Борусија Дортмунд и Манчестер Сити од трибините ги следат игрите на нашиот играч, тоа и се случи на своето деби во Лига Европа.

Во меѓувреме Елиф Елмас се наоѓа во Топ 10 највредни фудбалери до 21. година во Турција според „Трансфермаркт". Македонскиот репрезентативец на оваа листа се наоѓа на третата позиција со вредност од 2,25 милиони евра, а тука се наоѓа и Јани Атанасов од редовите на Бурсаспор на шестото место со вредност од 600.000 илјади евра.

Топ 10 листа:

1. Абдулкадир Омур, 19 (Трабзонспор, 8.0 милиони евра)
2. Берке Озер, 18 (Фенербахче, 2.5 милиони евра)
3. Елиф Елмас, 19 (Фенербахче, 2.5 милиони евра)
4. Ферди Кадиоглу, 19 (Фенербахче, 1.5 милион евра)
5. Мерих Демирал, 20 (Аланјаспор 1.0 милион евра)

6. Јани Атанасов, 18 (Бурсаспор, 600.000 евра)
7. Озан Кабак, 18 (Галатасарај, 500.000 евра)
8. Монтасар Талби, 20 (Ризеспор, 350.000 евра)
9. Бурак Капачак, 18 (Бурсаспор, 300.000 евра)
10.Огуз Каган Гучтекин, 19 (Фенербахче, 300.000 евра)

Најново во Фудбал