Исклучување за нашиот репрезентативец

Елмас доби директен црвен картон во Купот на Турција (ВИДЕО)

По само 2 минути игра во вториот дел, Елмас исклучен на мечот со Умранијеспор.

објавено: 17 јануари 2019 - 20:48

Нашиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, по само две минути игра во второто полувреме на Куп мечот со Умранијеспор доби директен црвен картон и предвреме мораше да го напушти гостувањето.

Фенербахче кој беше исклучително голем фаворит на мечот, на крајот беше поразен со 1:0 и сега на реваншот на 23 јануари пред своја публика ќе мора да се вади и да се бори за место во четврфиналето на турскиот куп. 

Најново во Фудбал