„ДИЈАМАНТОТ“ ГО ЖИВЕЕ СВОЈОТ ФУДБАЛСКИ СОН

Елиф Елмас е ЅВЕЗДА над ЅВЕЗДИТЕ

Елиф Елмас ја „запали" Турција, Фенер во него ја гледа не само својата иднина, туку и сегашност. Нема ден медиумите во Турција да не пишуваат за него, па макар и за тоа како „дијамантот" го одработил тренингот. Да, Елиф е голема ЅВЕЗДА..

објавено: 20 септември 2018 - 13:00

Елиф Елмас прераснува во голема, голема ЅВЕЗДА на фудбалското небо. Посебно во Турција, но секако и во Македонија. Нашиот „дијамант" кој минатото лето направи мега - трансфер од Работнички во Фенербахче, го живее својот фудбалски сон во Истанбул, во Турција. Го носи дресот на еден од најголемите клубови во таа земја, среќен е. Еве сега почна и да стрела, да ги „решета" мрежите и на официјални натпревари.
Елиф Елмас ја „запали" Турција, Фенер во него ја гледа не само својата иднина, туку и сегашност. Нема ден медиумите во Турција да не пишуваат за него, па макар и за тоа како „дијамантот" го одработил тренингот. Да, Елиф е голема ЅВЕЗДА..

ЗАРАБОТУВА БОГАТСТВО НА 18 ГОДИНИ

Ако си ѕвезда тогаш тоа мора и да се плати. А Фенер не жали пари барем кога е во прашање „дијамантот". Верувале или не, Елмас во Фенер до 2022 година, до кога му трае договорот, ќе заработува по 72.000 евра месечно. Таа сума досега ниту еден Македонец ја нема добиено на само 18 години, колку што има Елмас. И сите тие пари „дијамантот" во целост ги оправдува и покажува дека и наше дете може да се најде меѓу фудбалските ѕвезди.

ФЕНЕР ОД ЕЛМАС ЌЕ НАПРАВИ СУПЕР - ЅВЕЗДА

За се ова, за се ова што му се случува на Елмас, секако дека своја заслуга и пиарот на Фенербахче. Добро знаат дека ако сака клубот да го продаде за многууу пари, тогаш мора за него да се пишува секојдневно. Понекогаш и самите луѓе од Фенер брифираат или „пуштаат" информации до медиумите, демек проверени. Се со цел Елмас да го има секаде, да го има низ порталите, весниците, ТВ емисиите.

Тоа се прави со цел Фенер за него, во јануари или на лето, да го продаде за цели 25.000.000 евра колку му е сега откупната клаузула. Ете така прават големите клубови.
И затоа Елмас ја има таа среќа што е во Фенер. Клуб кој од него секако дека ќе направи мега - ѕвезда.

ЈА КОРИСТИ ВИЛАТА НА РОБЕРТО КАРЛОС!!!

Кога дојде во Истабул, лани летото, веднаш му беше дадена на користење вилата во која некогаш престојувал Роберто Карлос, бразилецот кој пред десетина година беше супер - стар, кога играше за Фенер. Само тој потег покажува што Фенер мисли за него и каква намера има со него. Вилата се наоѓа покрај Босфорот, токму онаква каква што е потребна за одмор. Вое неа Елмас ги полни „батериите" пред наредниот меч. Било за Фенер, било за нашата најдобра репрезентација, за која секогаш игра со полно срце и со многу радост.

ГВАРДИОЛА, МУРИЊО, ТУХЕЛ...

И сега доаѓаме до она најглавното. Во последните неколку месеци, речиси сите поголеми медиуми во Европа објавија дека најмалку три гигантски клубови, Манчестер Сити, Манчстер Јунајтед и ПСЖ се силно заинтересирани за него. Тоа значи дека големите тренерски магови како Гвардиола, Мурињо и Тухел го посакуваат во своите редови.
Но затоа ќе треба да платат најмалку 25.000.000 евра.
И ќе платат, бидете уверени. Имено Елмас е непроценлив фудбалски дијамант.

Најново во Фудбал