НАЈАВА ЗА СПЕКТАКЛОТ В НЕДЕЛА НА „МЕАЦА“ МЕЃУ ИНТЕР И МИЛАН

„Дерби дела Мадонина“: Беа убави времиња, Мурињо, „магијата“ на Пандев..! (ФОТО+ВИДЕО)

В недела од 20:30 часот во рамките од деветтото коло во Серија А на ред дојде новото градско дерби кое секогаш привлекувало внимание, така и овојпат. Новиот меч е закажан на теренот на Интер, „Џузепе Меаца", во пресметката со лутиот ривал Милан.

објавено: 19 октомври 2018 - 18:03

Од една страна „неро-аѕурите" имаат серија од четири победи по ред за моментно трето место со 16 бодови, додека „росонерите иако досега имаат само еден пораз се дури на 10. позиција со 12 бодови, иако триумфираа на последните два меча против Сасуоло и Киево.

Под знак прашалник за Интер се Брозовиќ, Д'Амброзио и Врсаљко кои се жалат на повреди, поради истите причини на спротивната страна се наоѓаат Конти, Кутроне и Ромањоли, а она што е сигурно дека за Милан на овој дуел нема да настапат Калдара и Стриниќ.

Како најава за овој спектакл во Милано, низ социјалните мрежи веќе се потсетуваат претходните пресметки кои не се забораваат така лесно, па така и 24. јануари 2010. година кога за Интер (предводен тогаш од Жозе Мурињо) настапуваше Горан Пандев.

Токму македонскиот репрезентативец се наоѓа исто така во центарот на вниманието, неговиот прекрасен слободен удар ја потврди победата на Интер против Милан (2:0), иако беше многу блиску да биде заменет од страна на Мурињо, но Португалецот искусно почека да види што ќе се случи, и се случи „Гранде Пандев", а до ден денес португалскиот менаџер самиот се пофалува дека тој погодок е и „негов".

Најново во Фудбал