Прво, па „машко“

Чеде тргна со победа на клупата на Исмаили

Македонскиот стратег ја почна мисијата „опстанок“ за египетскиот прволигаш со победа на гости.

објавено: 2 јануари 2019 - 19:12

Македонскиот фудбалски стратег Чедомир Јаневски почна со голема победа на кормилото на египетски Исмаили. Со тимот каде дојде пред нова година, денеска гостуваше кај еден од конкурентите за титулата и успеа да оствари голема победа.

Исмаили славеше со 2:1 на гостувањето кај Араб Контракторс, тим кој моментно се наоѓа на 4. место во египетскиот шампионат. Исмаили, пак, ја оствари првата победа во првенството по серија од 4 меча без успех. Овој триумф е најава дека клубот треба наскоро да излезе од „црвената зона“ каде се уште се наоѓа со само 4 победи во 14. одиграни средби.

Инаку на денешниот меч, домашните поведоа во првото полвреме, но Исмаили успеа да направи целосен пресврт во вториот дел и да прокнижи три вредни бода.

Најново во Фудбал