ВЕЧЕРВА ОД 21:00 Ч. ДИНАМО ЗАГРЕБ ИГРА ПРОТИВ АНДЕРЛЕХТ

Бројни европски скаути на „Максимир“, на радарот и Аријан Адеми!

„Модрите" веќе го обезбедија пласманот во 1/16 финалето на Лига Европа, па така денешниот последен натпревар од групната фаза против белгискиот претставник нема никакво значење.

објавено: 13 декември 2018 - 11:05

Од 21:00 часот Динамо Загреб ќе ги одмери силите против Андерлехт, а според најавите се очекува на „Максимир" да присуствуваат и бројни скаути кои што ќе ги анализираат перфомансите на фудбалерите кои ќе настапат на теренот.

Се очекува на трибините да има членови, претставници од Рома, Милан, Бетис, Севиља и останати реномирани клубови.

Голем интерес се покажува за фудбалерите на Динамо, а меѓу нив се спомнува и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, но напомена дека тој поради жолт картони нема да настапи на вечерашната пресметка.

Исто така, во фокусот ќе бидат и неговите тимски колеги Олдо, Гаврановиќ, Шуњиќ, Хајровиќ, Гојак и Ливаковиќ.

Најново во Фудбал