ПАД НА ПАЛЕРМО

Бреша им го нанесе првиот пораз на Трајковски и Несторовски

Палермо падна три позиции на табелата, по поразот од Бреша на гостински терен од 2-1. 

објавено: 25 септември 2018 - 22:56

Серијата од четири кола без пораз на Палермо заврши на гостувањето кај Бреша, која му го нанесе првиот пораз сезонава (2-1). Тимот од Сицијлија по петото коло падна три места подоле на табелата во Серија Б, поточно се најде на шестата позиција.

Македонскиот репрезентативен тандем, Илија Несторовски и Александар Трајковски го одиграа целиот меч, но не успеаја да се запишат во листата на стрелци.  

Најново во Фудбал