ПОЗНАТА ЦЕНАТА ПО КОЈА МАКЕДОНЕЦОТ МОЖЕ ДА СИ ОДИ

Барди вреди 25 милиони евра!

Интер и ПСЖ доколку сакаат да го видат македонскиот репрезентативец во своите редови, ќе мора да издвојат добра сума на пари

објавено: 18 мај 2018 - 10:30

Само една година откако Енис Барди од тимот на Ујпешт за само 1.5 милиони евра се пресели во Леванте, шпанскиот тим може многу да заработи од неговиот евентуален трансфер во друг клуб. Интер и ПСЖ се „фатија на јадица“ и се заинтересирани за потписот на Македонецот. 

И покрај тоа што тој изјавува дека останува и следната сезона, сепак, во шпанските медиуми се шпекулира дека интерес од голем клуб и плаќање на големо обесштетување, би можеле да го премислат. Така се споменува сума од 25 милиони евра, кои што Леванте веројатно ја побарал за да го пушти Македонецот. 

Барди во финишот од сезоната во Примера влезе во голема форма., Даваше голови, а цената рапидно му се зголеми после двата гола кои ги даде против Барселона во победата од 5:4, што беше прв пораз на каталонскиот гигант во оваа сезона. 

Најново во Фудбал