УНГАРСКИОТ КЛУБ ЗАДОВОЛНО ТРИЕ РАЦЕ

Барди му донесе 250.000 евра на Ујпешт

Македонскиот интернационалец Енис Барди блесна со два гола од слободен удар против Атлетик Билбао со кој Леванте го осигура опстанокот, а поради тоа неговиот поранешен клуб заработи одлична сума на пари

објавено: 30 април 2018 - 16:27

Енис Барди беше најзаслужен за победата на Леванте над Атлетик Билбао со која клубот од Валенсија го обезбеди опстанокот во Ла Лига. А на одличните игри на Македонецот и опстанокот Леванте задоволни се и од Ујпешт поранешниот клуб на Барди.

Леванте одвои 1,5 милиони евра за офанзивниот фудбалер, а во договорот направи и клаузула за дополнителен бонус со евентуален опстанок на екипата во најсилната шпанска лига. Па така, шпанскиот прволигаш ќе плати дополнителни 250.000 евра на сметка на Ујпешт поради тоа што избори опстанок оваа сезона, а исто толку пари ќе им бидат исплатени на Унгарците доколку повтори истото и наредната сезона.
Барди во дебитантската сезона во Ла Лига даде шест гола и една асистенција.

 

Најново во Фудбал