КАТАЛОНСКИОТ ГИГАНТ ГО ДОЗНА НОВИОТ ЕВРОПСКИ ПРЕДИЗВИК

Андонова со Барса брка полуфинале во Лигата на шампионите!

Денеска се одржа ждрепката во Нион за извлекување на четвртфиналните двојки во женската фудбалска Лига на шампионите за натпреварувачката сезона 2018/2019.

објавено: 9 ноември 2018 - 17:10

Барселона за противник го доби норвешкиот Квинер, првиот натпревар ќе се игра во Шпанија (20/21 март), а реваншот е во Норвешка на 27/28 март 2019 година.

Во останатите четвртфинални пресметки силите ќе ги одмерат: Славија Прага (Чешка)-Баерн Минхен (Германија), Лион (Франција)-Волфсбург (Германија) и Челзи (Англија)-ПСЖ (Франција).

Македонската фудбалерка Наташа Андонова која настапува за екипата на Барселона се надева дека може нејзиниот клуб оваа сезона да биде меѓу четирите најдобри во Европа, иако не смее да се потцени следниот ривал:

„Среќни сме со ждрепката, но нема да имаме лесни мечеви. ЛСК Квинер е тежок противник, бидејќи ги елиминираше Брондби и рускиот шампион. За мене е подобро што играме прво дома, како што беше против Глазгов Ренџерс, и ако имаме добар резултат, ќе имаме помалку притисок на реваншот. Тоа што не сме на на", рече Андонова, фудбалерката на Барса.

Најново во Фудбал