ИАКО СЛОВЕНЦИТЕ ВЕЌЕ ШПЕКУЛИРААТ НЕОЧЕКУВАН ТРАНСФЕР....

Агим Ибраими: На одмор во Саудиска Арабија, па се враќам дома во Македонија...!

Дел од словенечките медиуми веќе известуваат дека македонскиот фудбалски интернационалец го напушта Домжале...

објавено: 13 декември 2018 - 11:45

Како што пренесува словенечкиот веб портал „ekipa24", следната дестинација на Агим Ибраими би била многу неочекувана, ако навистина се дојде до договор.

За Домжале имаше 43 настапи во сите натпреварувања со шест голови, се шпекулира дека би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, односно дека за неговите услуги е заинтересиран Ал-Итихад кој осум пати бил национален шампион, повеќе титули има само Ал-Хилал (15).

Но, од друга страна пак официјалниот клупски сајт на Домжале ја објави следната негова изјава:

„Голем дел од одморот ќе го поминам во Саудиска Арабија, па се враќам дома во Македонија. Паузата ќе биде комбинација на одмор, дружење со семејството и секако тренинзи".

Како што и претходно објавивме, можно е наскоро Ибраими повторно да го облече дресот на Шкендија и дека ќе се водат интензивни преговори во наредниот период.

Тоа би било враќање во неговиот прв професионален клуб во кариерата после 12 години. Има 39 настапи за македонската А репрезентација, а пред да дојде во Домжале, на клупски план ги бранеше уште боите на Ред Бул Салцбург, Олимпија Љубљана, Ескишехирспор, Нафта Лендава, Марибор, Каљари и Астана.

Најново во Фудбал