РИСТОВСКИ ИСТО ТАКА ВО НОКАУТ-ФАЗА, НИКОЛОВ МОРА ПРЕКУ ЧЕЛЗИ

Адеми и Елмас заедно до европска пролет, Тричко го освои Цирих! (ФОТО+ВИДЕО)

Вечерва нови настапи имаа клубовите на македонските интернационалци во групната фаза од фудбалската Лига Европа со натпреварите од петтото коло.

објавено: 29 ноември 2018 - 21:00

Во групата А веќе беше познато дека АЕК Ларнака на Иван Тричковски и Даниел Мојсов ги загубија шансите за пласман во 1/16 финалето, па така последните мечеви им се само задача да го избегнат барем дното и освојат што повеќе бодови.

Кипарскиот клуб триумфираше во Швајцарија (1:2), во составот на АЕК Ларнака на дуелот против Цирих не беше Мојсов поради повреда, а од клупата за резерви започна Тричковски кој доби шанса од 66. минута. Тричковски на најдобар можен начин ја искористи приликата и донесе победа во 85. минута за негов втор гол сезонава во групите на ЛЕ и прв триумф на АЕК Ларнака во натпреварувањето.

Потоа, во групата Д Динамо Загреб од претходно се промовираше како учесник во нокаут-фазата, а денеска на „Шукру Сарачоглу" во Истанбул одигра реми без голови против Фенербахче. И во двата тима стартери беа нашите репрезентативци, Елиф Елмас кај Турците, а Аријан Адеми за Хрватите. До крајот го одиграа целиот меч, воедно добија по еден жолт картон. За Фенер овој бод значеше и пласман во следната фаза, бидејќи без голови одигра и Трнава кај Андерлехт.

Во групата Е уште еден Македонец се најде во 1/16 финалето, Спортинг Лисабон се надмина себеси откако со 1:5 славеше против Карабах. Во составот на португалскиот тим не беше Стефан Ристовски кој и понатаму се опоравува од повредата. А за нивниот пласман понатаму има „заслуга" и Арсенал кој славеше со 0:3 против Ворскла Полтава, со „топчиите" на ова гостување дојде и нашиот голман Дејан Илиев, но и овојпат менаџерот Емери не се одлучи да го вметни во составот за новата пресметка.

 

И во групата Л МОЛ Види загуби на гостувањето кај БАТЕ (2:0), за Унгарците од 74. минута настапи Бобан Николов. Сега поради подобрата гол-разлика и со оглед на тоа што Белорусите беа двапати подобри, БАТЕ е на втората позиција, но и понатаму МОЛ Види останува во игра за нокаут-фазата. Сега во последното коло Унгарците ќе мора да останат непоразени против Челзи, без сомнение ќе одат и на триумф, а од друга страна се надеваат дека Грците ќе играат за нив против БАТЕ.

Лига Европа, 5. коло

Група А

Цирих-АЕК Ларнака 1:2
Баер Леверкузен-Лудогорец 1:1

Табела:

1.Баер Леверкузен 10 бодови
2.Цирих 9
3.АЕК Ларнака 5
4.Лудогорец 3

Последно 6 коло, двојки:
13. декември (21:00 ч.) АЕК Ларнака-Баер Леверкузен
13. декември (21:00 ч.) Лудогорец-Цирих

Група Д

Фенербахче-Динамо Загреб 0:0
Андерлехт-Трнава 0:0

Табела:

1.Динамо Загреб 13 бодови
2.Фенербахче 8
3.Трнава 4
4.Андерлехт 4

Последно 6 коло, двојки:
13. декември (21:00 ч.) Спартак Трнава-Фенербахче
13. декември (21:00 ч.) Динамо Загреб-Андерлехт

Група Е

Карабах-Спортинг 1:6
Ворскла Полтава-Арсенал 0:3

Табела:

1.Арсенал 13 бодови
2.Спортинг 10
3.Ворскла Полтава 3
4.Карабах 3

Последно 6 коло, двојки:
13. декември (21:00 ч.) Спортинг Лисабон-Ворскла Полтава
13. декември (21:00 ч.) Арсенал-Карабах

Група Л

БАТЕ-МОЛ Види 2:0
21:00 часот Челзи-ПАОК

Табела:

1.Челзи 12 бодови
2.МОЛ Види 6
3.БАТЕ 6
4.ПАОК 3

Последно 6 коло, двојки:
13. декември (18:55 ч.) ПАОК-БАТЕ Борисов
13. декември (18:55 ч.) МОЛ Види-Челзи

Најново во Фудбал