КАПИТЕНОТ НА „МОДРИТЕ“ УРИВА РЕКОРДИ

Адеми е вториот динамовец со најмногу настапи во Европа

Аријан Адеми има 53 евро настапи за Динамо Загреб, пред него е само Самир со 76. Овие рекорди се од 1992 година па наваму, од осамостојувањето на Хрватска.

објавено: 31 октомври 2018 - 15:00

Аријан Адеми е вториот фудбалер што има најмногу настапи во Динамо Загреб во фудбалска Европа. Дека тој полека, но сигурно станува дел од историјата на клубот, доказ е и податокот дека нашиот репрезентативец во Европа со Динамо одигра вкупно 53 натпревари.

Пред него е само Самир кој пак има 76 настапи. Да кажеме и тоа дека овие бројки ќе беа поголеми ако не се случеше оној допинг скандал кој го тргна од фудбалот нашиот репрезентативец нешто повеќе од две години.

СО АДЕМИ ЗАГРЕПЧАНИ БЕЗ ГРЕШКА ВО ЛЕ

Колку е важен Адеми за Динамо Загреб говори податокот дека во изминатите три кола во групната фаза во Лигата на Европа, „модрите" имаат три победи. Просто газат во својата група каде што се и Фенербахче на Елмас, потоа Андерлехт и Трнава. Во Загреб славеа против Фенер, а на гости ги победија Андерлехт и Трнава.

Најново во Фудбал