ПОПУЛАРНИОТ БУБА ГО ЧЕКА ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК

Ферхан Хасани кариерата ја продолжува во Турција

Македонскиот репрезентативец и досегашен предводник во тимот на Шкендија, ќе го облече дресот на Ризеспор

објавено: 18 јуни 2018 - 19:59

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ферхан Хасани кариерата ќе ја продолжи во елитната турска лига. Популарниот Буба го одбра тимот на Ризеспор за негов следен предизвик.

Досегашниот капитен на тетовска Шкендија, по трет пат во кариерата ќе игра во странство, Негови претходни меѓународни искуства, беа настапите во германски Волфсбург, како и во тимот на Брондби во Данска. Најголемиот дел од досегашната кариера го помина во Шкендија. 

Ризе е тим кој во минатата сезона играше во Втората турска лига, но откако го освои првото место, се избори за враќање во елитното друштво. 

Најново во Фудбал