Тасевски започна да ги води првите тренинзи со играчите, помошници му се Јован Јованов и Томислав Франц.
Претходно поради лошите резултати си замина Ѓоре Јовановски од тренерската клупа, па Тасевски заедно, повторно со Јованов, и Франц кој е стандардно во тимот ќе се обидат да го вратат Работнички на победничките патеки.
Моментно во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ) после девет кола се наоѓаат на шестото место со 11 бодови.
После репрезентативните обврски ќе продолжи шампионатот, а „романтичарите" својот следен натпревар ќе го имаат на 21. октомври на гостински терен против Ренова од 14:30 часот.
На последниот прволигашки меч, Работнички ремизираше на Чаир против Шкупи. Од клубот очекуваат дека оваа промена на тренерската позиција да биде дополнителен импулс и за фудбалерите и тимот да се врати на позициите кои му припаѓаат.