ОДЛУКА НА УО НА ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА

Вонредното Собрание на ФФМ закажано за 1 септември!

До 10 август е рокот на кој може да се пријават кандидатите за претседател на Федерацијата. Право на избор имаат само постоечките делегати, значи Костов, Хаџи – Ристески и другите нема да можат да достават кандидатура.

објавено: 31 јули 2018 - 19:54

Се подготвува ли недемократски избор на нов претседател на Фудбалската Федерација на Македонија? Имено на денешната седница на УО, одлучено било Вонредното Собрание, на кое ќе се избире наследник на Илчо Ѓорѓиоски, да се одржи на 1 септември. Многу поважно е тоа што рокот за пријавување на кандидатите е само до 10 август, а тоа значи дека право на избор имаат само оние делегати кои се во моментов во Собранието на Фудбалската Федарација на Македонија.

Секако дека тоа е екстремно кус период да се запази целата процедура, тука пред се мислиме на оние кандидати како Влатко Костов, Харалампие Хаџи – Ристески и останатите кои не се делегати, да успеат да обезбедат статус на делегати прво во своите ОФС. Или пак по секоја цена ќе се бараат правни лавиринти, секој што може и сака пред се, има и поддршка, да се најде меѓу кандидатите.

Останува значи наследник на Ѓорѓиоски да биде некој од оние кои сега го имаат статусот на делегат. Затоа велиме дека тешко дека овој избор ќе биде демократски.

Најново во Фудбал