ПРОДОЛЖУВА АГОНИЈАТА ВО НАШИОТ НАЈТРОФЕЕН КЛУБ

Во Вардар само едно се знае, дека ништо не се знае!!!

Додека останатите прават планови за зимскиот преоден рок, за тоа каде ќе се подготвуваат, за тоа што и како во пролетниот дел, во таборот на Вардар само една работа е позната, а таа е дека ништо не се знае.

објавено: 13 декември 2018 - 12:15

На што спадна ФК Вардар, нашиот најтрофеен клуб? Имено во изминатите неколку денови, во пресрет на зимскиот преоден рок, никој ама баш никој на кажа, напиша, шпекулира или пак „излаже", дека овој или оној играч го засилува вицепрвакот на Македонија. Ако до пред некој месец, поточно година, немаше играч во Македонија кој не беше „преселен" во Вардар, сега веќе не е така. Ако до пред некој месец, поточно година, немаше менаџер на Балканот кој не вртеше телефони по неколку пати на ден да донесе „свој" играч во Вардар, сега веќе не е така. Сега сите го избегнуваат Вардар како во тој клуб да има ЕБОЛА, или уште нешто пострашно.

Сега во медиумите Вардар е „главен" по заминувањата на играчите. Секојдневно се занимаваме со тоа кој од Вардар каде ќе потпише. Барсегјан кажа „чао", Попов, Гачевски, Битанг, Брдаровски имаат понуди од овој или оној, па си заминал Кировски, Максимов веќе го нема. Аман бе луѓе, барем да погрешевме, да „излажевме", и да кажевме Вардар го посакува тој и тој.
Додека останатите клубови прават планови за зимскиот преоден рок, за тоа каде ќе се подготвуваат, за тоа што и како во пролетниот дел, во таборот на Вардар само едно со сигурност се знае, а тоа е дека ништо не се знае. Сите во клубот се во очекување на тоа кога и како Градот Скопје ќе „влезе" во Вардар и ќе ги разреши проблемите кои од ден на ден се се поголеми.
А до тогаш ние медиумите ќе се занимаваме со тоа кој е следниот кој што ќе си оди или веќе си заминал од Вардар.

 

Најново во Фудбал