ПРВА ЛИГА - 11. КОЛО

Во Турново ќе „гори“, Шкендија и Вардар со тешки „задачи“...

Денеска се играат сите натпревари од 11. коло во кое секако дека најинтересно ќе биде во битката за Струмица. Шампионот и лидерот се домаќини на Македонија ЃП и Ренова, Тасевски се враќа во Кратово, прилепчани во Битола го дочекуваат Умит Каран.

објавено: 28 октомври 2018 - 11:40

Дуелот меѓу Академија Пандев и Беласица ќе најинтересен во денешното редовно коло во ПМФЛ. Ова е битка за Струмица а се игра во Турново, на стадионот „Кукуш" каде се очекува да биде преполн. Интересот во струмичко за овој меч е голем. За тоа придонесоа и „пецкањата" од страна на Беласица пред дербито, додека „пандевци" си беа мирни и побараа само коректно судење.

ПРВАКОТ ОБИЧНО ПОБЕДУВА СО „ЛАВОВИТЕ"

Шкендија е голем фаворит на дуелот против Македонија ЃП под Шара. Иако Жуниор ќе го нема во составот, веројатно ќе ги нема ни Бејтулаиу и Емини, но сепак тетовци имаат квалитет да ја поминат оваа пречка без поголеми проблеми. Вардар на „Борис Трајковски" ја дочекува Ренова предводена од Џиџи Илиевски, ќе видеме дали лидерот се опоравил од неделниот пораз од Шкендија на свој терен.

ТАСЕВСКИ ПРОТИВ „СВОИТЕ"

Интересно ќе биде и во Кратово каде Работнички ќе оди на победа и на нови три бода. „Романтичарите" добро тргнаа со новиот стратег Жикица Тасевски, славеа во Тетово, сега сакаат исто и во Кратово. Да споменеме дека Тасевски до пред три недели беше стратег на Силекс. Победа пак во Битола ќе му биде домаќин на Шкупи, и двете екипи се под резултатски императив.

ДВОЈКИ ЗА 11. КОЛО - ДЕНЕСКА 13:30 Ч

ТУРНОВО: А.ПАНДЕВ - БЕЛАСИЦА
ТЕТОВО: ШКЕНДИЈА - МАКЕДОНИЈА ЃП
СКОПЈЕ: ВАРДАР - РЕНОВА
КРАТОВО: СИЛЕКС - РАБОТНИЧКИ
БИТОЛА: ПОБЕДА - ШКУПИ

Најново во Фудбал