НАВИВАЧИТЕ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ДО ФФМ:

Ве молиме нашиот Пирин да игра во Македонија!

Навивачите на бугарскиот клуб незадоволни од односот на Бугарскиот сојуз врз нивниот клуб, бараат тимот да биде примен да се натпреварува во било која Лига во Македонија

објавено: 24 мај 2018 - 12:55

Интересно барање стигна од нашиот источен сосед до фудбалската Федерација на Македонија. Имено, фановите на Пирин Благоевград незадоволни од „тортурата“ на бугарскиот сојуз врз нивниот клуб, бараат нивниот омилен тим да игра во Македонија. 

Еве го соопштението на фановите на Пирин: 

„Почитувани лидери на македонскиот фудбал, ние навивачите на ФК Пирин Благоевград, Ве молиме да го примите Пирин кај Вас пред да почне новата сезона. Не е важно во која лига. Во изминатите 20 години ФК Пирин намерно беше изложен на секаков вид репресии од Бугарскиот фудбалски сојуз, Пирин два пати беше исфрлан од бугарската Прва лига во 2005 и 2011 година, а оваа сезона благодарение на 'помошта" на судиите беше понижен на најниско ниво.

Морал, чест, достоинство, борба и праведност се идеалите на Пирин и неговите навивачи олицетворени од нашиот голем херој Гоце Делчев, а тие беа погазени од Бугарскиот фудбалски сојуз.

Официјално бараме од вас да го примите Пирин во Фудбалската федерација на Македонија", се вели во соопшението на фановите на бугарскиот клуб. 

 

Пред неколку години Вардар одигра пријателски меч со Пирин, и го доби со 1:0. Би било интересно доколку овој клуб добие „дозвола“, меѓутоа секако дека такво нешто тешко дека ќе се случи, со оглед на фактот дека станува збор за клуб од друга земја. 

Најново во Меѓународен Фудбал