ПРВА РЕАКЦИЈА ОД ВАРДАР ПО УСЛОВНАТА КАЗНА ОД УЕФА

ВАСОСКИ: Ќе се обидеме да го спасиме Вардар!!!

„Добив уверувања од раководството на клубот дека до 31 јануари ќе се направат максимални напори за да се исплати долгот и Вардар се спаси, поточно да можеме да играме во Европа на лето", вели стратегот на вицепрвакот.

објавено: 25 декември 2018 - 14:15

По цели пет дена конечно прва реакција од ФК Вардар по онаа петочна шокантна вест од УЕФА, дека нашиот најтрофеен клуб е условно казнет со двегодишна забрана за играње во Европа ако до 31 јануари не го исплати долгот кон сите оние кои имаат побарувања од клубот.

„Се разбира дека не ни е сеедно, знаеме во каква ситуација сме, ние тоа никогаш и не сме го криеле од јавноста. Јасно е дека ќе биде многу лошо ако Вардар на лето не игра во фудбалска Европа. Инаку ново е тоа што јас како шеф на стручниот штаб добив уверување од раководството на клубот дека до крајниот рок, до 31 јануари а може и порано, ќе се направат максимални напори да се исплати долгот и Вардар се спаси, поточно да можеме да играме во Европа. Реков веќе, во спротивно работите уште повеќе ќе се закомплицираат. И од тоа ќе зависат веројатно нашите амбиции во преодниот рок, нашите амбиции во пролетниот дел од сезоната во шампионатот", вели Александар Васоски, стратегот на ФК Вардар.

Најново во Фудбал