ПОПЛАДНЕВО СЕ ОДИГРА 31. КОЛО ВО ПМФЛ

Вардар со победа, Шкендија со пораз

Сега веќе екс првакот конечно победи и тоа на гости кај Силекс. Победа од крајно сомнителен пенал и го нанесе првиот пролетен пораз на Шкендија, Работнички и Шкупи одиграа без победник

објавено: 29 април 2018 - 18:03

Интереснио резултати во 31. коло од ПМФЛ. Вардар конечно победи а Шкендија конечно е поразена оваа пролет. Со головите на Попов и Исени, вардаци славеа во Кратово со 2:0. Гостите го завршија мечот со двајца играчи помалку, исклучени беа Попов и Блажевски.

Победа со 2:1 славеше над Шкендија, но како? Се чини од непостоечки пенал кој го досуди судијата Маркоски откако Лога сам падна во казнетиот простор. Но како и да е прилепчани славеа значајна победа.
Во дербито за Скопје, Работнички и Шкупи ги поделија бодовите, домашните поведоа со голот на Ангелов и израмни Јашаровски.
Скопје го „торпедираше" Пелистер со 4:0, „пиратите" не се даваат, и натаму имаат шанси за опстанок.
Ренова ја продолжува домашната победнишка серија, овојпат ја победи екипата на А. Пандев со 2:1.

РЕЗУЛТАТИ -31. КОЛО
СИЛЕКС - ВАРДАР 0:2
ПОБЕДА - ШКЕНДИЈА 2:1
РАБОТНИЧКИ - ШКУПИ 1:1
СКОПЈЕ - ПЕЛИСТЕР 4:0
РЕНОВА - А. ПАНДЕВ 2:1

ТАБЕЛА
1. ШКЕНДИЈА 76
2. ВАРДАР 52
3. СИЛЕКС 45
4. РАБОТНИЧКИ 42
5. РЕНОВА 40
6. ШКУПИ (-1) 37
7. А. ПАНДЕВ 36
8. ПОБЕДА 32
9. СКОПЈЕ 28
10. ПЕЛИСТЕР (-1) 28

Најново во Фудбал