ТРЕНЕРОТ БОБАН БАБУНСКИ БАРА УШТЕ ЕДЕН СТОПЕР

Вардар ќе пазари во Ниш?

Милош Петровиќ е желбата на Вардар кој треба да ја засили одбраната во претстојниот летен преоден рок. Фудбалерот на на Раднички Ниш и Вардар имале преговори кои се уште се активни, но без финален договор.

објавено: 12 јуни 2018 - 11:00

Милош Петровиќ е желбата на Вардар кој треба да ја засили одбраната во претстојниот летен преоден рок. Фудбалерот на на Раднички Ниш и Вардар имале преговори кои се уште се активни, но без финален договор. Овој 28 годишен стопер кој е заменик капитен на екипата од нашето северно соседство

има големи барања кои овој сегашен Вардар не може да му ги исполни. Максимумот на месечна плата која сега може да се даде е 5.000 евра а дефанзивниорт играч бара 100.000 евра по сезона. Можеби и ќе дојде дојде до договор ако се знае дека тренерот Бобан Бабунски инсистира да биде донесен нов стопер.

Капитенот Грнчаров си замина, а беше доведен Филип Најдовскиод Победа. Атакот кон Петровиќ носи грижи дека можеби е ставен под знак прашалник и „опстанокот" на Евгениј Новак. Украинецот е од „старата "гарда" на „странци" кој сигурно дека не би останал во екипа која нема да има долг престој на евро -сцената, но и конкуренција за двете титули во домашниот шампионат.
Вардар и лани беше на „пазар" во Ниш но не купи ништо од таму. Сакаа да го донесат играчот за врска Лазар Арсиќ кој наместо да го фати патот за Скопје тој замина кон Нови Сад и ја засили Војводина.

Најново во Фудбал