ПОСЛЕДНИТЕ УСПЕСИ ЈА НАТЕРАА УПРАВАТА ДА БИДЕ ПОАГИЛНА

Вардар денеска ќе исплати 25% од долговите кон играчите!

Момците на тренерот Александар Васоски добија ветување од управата дека до 1 декември сите долгови ќе им бидат исплатени

објавено: 28 септември 2018 - 11:24

Добри вести за играчите на Вардар. Имено. најавено е дека во текот на денешниот ден клубот ќе им исплати на момците на тренерот Александар Васоски дел од долговите, односно 25% од она што им се должи.

А им се должат повеќе плати, премии и рати. Исто така ветено им е дека до 1 декември се она што им се должи ќе им биде исплатено.

Се чини дека по последните успеси на играчите на Вардар го натераа раководството на клубот да биде поагилно. Да потсетиме дека Вардар по седум кола во есенскиот дел се наоѓа на првото место на табелата, со два бода повеќе од А. Пандев и три од шампионот Шкендија.

 

Најново во Фудбал