„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ПО 7. КОЛА СЕ СИМНАТИ ОД ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА

Вардар дома ги загуби седумте бода пред Шкендија

На трите натпревари од вториот круг како домаќин најтрофејниот тим не доби ниту еден, двапати ремизираше и остана покус за седум бода кои ги анулира актуелниот првак и поради подобрата гол-разлика за првпатсезонава изби на врвот.

објавено: 6 ноември 2018 - 13:50

Најтрофејниот македонски клуб Вардар има ист број бодови со Шкендија по 28, поради полоша гол-разлика му ја препушти водечката позиција на актуелниот бранител на трофејот. Тетовските „црвено-црни" за првпата сезонава по лошиот старт избиваат на врвот дури по 13. одиграни кола.

НЕМА КОЈ ДА ДАДЕ ГОЛ КАЈ „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ"

Наместо да продолжи во ист ритам, Вардар заборави да победува. Во изминативе четири кола, скопските „црвено-црни" трипати беа домаќини и наместо да ја зголемат или одржат предноста од седум бода, ниту еднаш не победија.

Загубија од дирекниот конкурент Шкендија (0-2) и ремизираа со Ренова (0-0) и Беласица (1-1). Се израдуваа само како гости и тоа со погодоци во последните мигови од мечот против Македонија ЃП (1-3). Покуси останаа за седум домашни бода, истите кои Шкендија ги надомести и го симна Вардар од врвот во 13. коло.

ЕСЕНСКИ ФИНИШ СО ЧЕТИРИ МЕЧА ЗА ДЕСЕТИНА ДЕНА

Ако, час поскоро не се најде голгетер, или не се реши проблемот со работната дозвола за Барсегјан, Вардар ќе се соочи со сериозен проблем. Може да загуби многу бодови во последните четири есенски кола кои според распоредот треба да се одиграат за десетина дена од 22 ноември до 2 декември и по зимската пауза да не зависи само од Вардар, туку и од другите тимови дали ќе биде конкурентен да се надева за да стигне до 11. шампионски торфеј.

Најново во Фудбал