ЕКС „РОМАНТИЧАРОТ" ПРЕД ПОРТИТЕ НА ШАМПИОНОТ

УШТЕ ЕДНА „БОМБА" ПОД ШАРА: Суад Сахити во Шкендија!?

Има големи шанси тетовци да го ангажираат офанзивецот кој до пред некој ден беше фудбалер на Лариса. Тоа ќе биде уште едно големо засилување.

објавено: 2 февруари 2019 - 11:24

Суад Сахити е пред портите на Шкендија. Екс фудбалерот на Работнички, Скендербег и до пред некој ден Лариса, како што велат нашите информаци е блиску до трансфер во таборот на нашиот шампион. Тоа ќе биде трета зимска „бомба" под Шара, по Агим Ибраими и Зени Хусмани.

Сахити и во минатото се поврзуваше со трансфер во Шкендија, уште кога тој играше во Работнички, но се чини дека сега е моментот. Можеме само да претпоставиме каков напад ќе има Шкендија и со него во тимот, посебно за настапите во Европа кога и Бесарт Ибраими ќе се врати. Бесарт и Агим Ибраими, Емини, Радески, Фазли, Нафиу, Сахити и др. Нека му мислат противничките екипи.

Тој во 2014 година од Косово дојде во Работнички каде освои се што можеше да се освои од трофеите, играше и во плеј –офот во Лигата на Европа, потоа направи трансфер во Скендербег.

Најново во Фудбал