ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ДВАЈЦАТА МЛАДИ ИГРАЧИ НА ШКЕНДИЈА

Турски гиганти прашуваат за Муслиу и Тотре

Висар Муслиу и Енур Тотре се „скенирани" од страна на неколку клубови од Турција и можен е нивен трансфер ова лето

објавено: 31 мај 2018 - 13:40

Кога се игра квалитетно, кога се освојуваат титули нормално е дека за тој тим и неговите играчи да има интерес. Па таков е случајот и со Висар Муслиу и Енур Тотре, и двајцата играчи на Шкендија и репрезентативци на Македонија.

Како што дознаваме тие подолго време биле под „скенерот" на повеќе менаџери кои работат за најголемите клубови во Турција. Тоа значи дека можен е нивен трансфер ова лето во звучни клубови.

Најново во Фудбал