„РОМАНТИЧАРИТЕ" НЕ СЕ ШЕГУВААТ

ТРАНСФЕР „БОМБА": Работнички потпишува и со Блажевски!

Клубот од Градски парк навистина има намера да направи моќен тим. По Илијоски, Барбоса и Дулгеров, Работнички е пред договор со Дејан Блажевски, а со Кабрал е пред потпис.

објавено: 4 јануари 2019 - 11:10

Дали е на повиодок е нова трансфер „Бомба" во Градски парк? Како што се шпекулира Работнички преговара и блиску е до потпис со екстра напаѓач. Тоа е Дејан Блажевски, кој до пред некој ден беше член на Тирана.

Клубот од „Градски парк“ не се шегува, има намера да создаде навистина моќен тим кој не би имал проблем да избори повторно излез во Европа во пролетниот дел од сезоната.

За Блажевски не треба да се трошат зборови, тој е еден најдобрите напаѓачи кои играле во нашата Прва лига во изминатите неколку години, играше во Вардар и Хоризонт Т. Има и богата интернационална кариера. Да се потсетиме дека Работнички досега ги официјализираше Илијоски, Дулгеров и Барбоса, а пред потпис е со Бразилецот Жунињо Кабрал.

Најново во Фудбал