НА ИСТОКОТ ДЕРБИТО СЕ ИГРА ВО КАВАДАРЦИ

Тиквеш мора да победи

Со оглед на фактот што играчкиот кадар на Тиквеш е доста сериозен, кавадарчани едноставно мора да почнат да победуваат. Во вистински момент, Брегалница гостува кај нив.

објавено: 22 септември 2018 - 12:00

Во рамките од петтото коло од второлигашката конкуренција, викендов во Кавадарци гостува тимот на Брегалница, на дуел со Тиквеш во мечот кој реално го носи епитетот дерби на Истокот ова коло. Домашните имаат само една победа сезонава, во изминатите четири кола но за волја на вистината немаат ниту пораз, односно нанижаа и три ремија, па сега се сака што се вели да се започне нова победничка низа, која ќе биде продолжена и на следните мечеви.

„Со оглед на фактот што по овој меч ни доаѓаат дуели со Каменица Саса, Детонит, сакаме од овој меч против Брегалница да започнеме една нова позивина серија. Реално, нашиот тим е еден од најквалитетните во оваа кобнкуренција, по имиња ако не и најквалитетен, и редно е Тиквеш да почне да победува во серија. Овој меч ни е битен затоа што потоа ни доаѓаат мечеви со реално полесни приотивници, и тука сакаме да почнеме да собираме бодови" - вели тренерот на Тиквеш, Љупчи Димитковски.

ГРНЕВ: ОПОМЕНА КАКО НЕ ТРЕБА

Брегалница од друга страна пак, во Кавадарци доаѓа посрамотена по дебалкот во Купот, каде што на домашен терен загубија од Академија Пандев со 2:6.

„Досега младите фудбалери ја имаа довербата од мене., поддршката. Но, тие мора да сфатат дека со она што го прикажаа против Академија Пандев, така не се бранат боите на клубот, така на се чува рејтингот, без разлика на противникот. Јавноста допрва очекува добри резултати од нив и освојување бодови.Тие мора да се навикнат и на критики..Исто така и родителите на децата кои вчера играа ,мора да бидат пореални за квалитетите на своите деца. Се надевам дека средбата со Борец беше само еден лош ден на Брегалница. Денеска против Тиквеш верувам дека фудбалерите ќе го поправат впечатокот, Во Кавадарци ќе се обидеме да дојдеме до победата..."- изјави тренерот на Брегалница, Емил Грнев.

ЛИДЕРОТ ГО ПРЕЧЕКУВА КОЖУФ

Ајде што тимот на Борец во изминатите четири кола забележа исто толку победи, Велешани тоа го направија на најдобриот можен начин. Без примен гол. Избраниците на Горазд Михаилов имаат одлична серија на натпревари, а својот квалитет и форма ќе мора да ги покажат и викендов. На домашен терен им гостува тимот на Кожуф, исклучително незгоден тим. Никој Гевгеличани не ги стави пред тсартот на шампионатот во онаа група на екипи кои ќе се борат за највисок пласман, а тие како да се налутија поради тоа па во првите четири кола одиграа и повеќе од солидно. И тие немаат пораз, имаат две нерешени, што е показател дека се поквалитетен состав од грото од екипите во лигата.

КИТ – ГО НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО РАДОВИШ

Конечно, тимот на Кит – Го по ремито на домашен терен против Тиквеш, сега ќе сака да им се врати на победите на гостувањето кај Детонит во Радовиш. Противникот пак сеуште се надева дека ќе остане непоразен на еден меч и конечно ќе го освои првиот бод сезонава. Имаше тренерска смена во Радовиш и да видиме како тимот ќе реагира на тоа.

ДИМОВСКИ ДЕБИТИРА НА КЛУПАТА НА САСА

Добре Димовски од викендов ќе биде на чело на тимот на Каменица Саса. Искусниот стратег кој и во минатото беше на клупата на овој тим но во некои други времиња, доаѓа во Каменица што се вели за да „гаси пожар". Екипата не стартуваше добро во шампионатот, има освоено само еден бод во четири кола и секако дека беше потребно нешто да се направи. Одлуката беше да се промени тренерот, Димовски е поставен за нов шеф на стручен штаб. Во Каменица викендов гостува тимот на Вардар Неготино.

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО - ДЕНЕСКА 15:30 Ч
ДЕТОНИТ - КИТ ГО
САСА - ВАРДАР
ПАРТИЗАН (О) - ПЛАЧКОВИЦА
БОРЕЦ - КОЖУФ
ТИКВЕШ - БРЕГАЛНИЦА

ТАБЕЛА
1. БОРЕЦ 4 4 0 0 8:0 12
2. БРЕГАЛНИЦА 4 3 0 1 8:4 9
3. КОЖУФ 4 2 2 0 6:1 8
4. ПЛАЧКОВИЦА 4 2 1 1 5:3 7
5. КИТ ГО 4 2 1 1 4:3 7
6. ТИКВЕШ 4 1 3 0 5:3 6
7. ВАРДАР (Н) 4 1 0 3 5:10 3
8. ПАРТИЗАН (О) 4 1 0 3 3:8 3
9. САСА 4 0 1 3 4:9 1
10. ДЕТОНИТ 4 0 0 4 2:9 0

Најново во Фудбал