ПОЗНАТО ИМЕ КАКО АСИСТЕНТ НА ВАСОСКИ

Таневски го засили стручниот штаб на Вардар

Злате Таневски, екс капитенот на Вардар од денеска е приклучен во стручниот штаб на Александар Васоски. Пристигна Новак, се чека на Битанг, закажани две контроли во Анталија. Екс „лавот" Леовигалдо утре ќе се појави на тренинг

објавено: 10 јануари 2019 - 16:47

Злате Таневски од денеска е нов член на стручниот штаб на Вардар. Некогашниот капитен на „црвено – црните", претходно играше и во Цементарница и долго време во Полска, ќе биде еден од помошниците на шефот Александар Васоски.
Инаку денеска пристигна Евгениј Новак, тој како што и најави малку доцнеше. Во следните неколку денови ќе се приклучи и Кларенс Битанг, така барем најавил, додека утре ќе го одработи првиот тренинг новакот Леовигалдо Жуниор кој дојде од Македонија ЃП. Во моментов се водат преговори со неколкумина играчи, но кој се од нив ќе потпише за Вардар останува да се види.

Во Анталија „тестови" со клубови од Украина...

Вардарци до 16 овој месец ќе се подготвува во Скопје, потоа експедицијата се сели во Анталија, во својата традиционална зимска база и ќе остане до 4 февруари. Таму ќе се одиграат неколку пријателски натпревари, досега познати се само два спаринг партнери. Тоа се Александрија, тим кој што е во горниот дел на табелата во првенството на Украина, и составот на Черноморец.

Најново во Фудбал