"РОМАНТИЧАРИТЕ" ОСТАНАА БЕЗ СВОЈОТ КАПИТЕН

Стјепановиќ и Работнички ја прекинаа соработката

По 1.5 година престој во Градски Парк, поранешниот репрезентативец и „романтичарите" решија да ја прекинат соработката.

објавено: 7 декември 2018 - 15:23

Остоја Стјепановиќ не е повеќе фудбалер на Работнички. Сега веќе досегашниот капитен, имаше разговори со претседателот Драган Поповски по што екс репрезентативецот не е повеќе фудбалер на Работнички.

„Да, вистина е дека си заминувам од клубот. На Работнички му посакувам се најубаво, ќе видиме во следните денови што и како со мојата кариера" ни изјави Стјепановиќ.

Пофални зборови за Остоја имаше Поповски...

„Супер личност, одличен фудбалер, но новиот концепт на стручниот штаб придонесе за оваа разделба. Секако дека му посакувам се најдобро на Стјепановиќ" посочи Поповски.

Дознаваме дека покрај Стјепановиќ, од клубот најверојатно си заминуваат и Митрев, потоа Стевиќ, Стевановиќ и др.

 

Најново во Фудбал