Стивен Колевски ја зголеми конкуренцијата меѓу голманите во битолскиот третолигаш Црно Буки 3Л. Тоа е трет супер квалитетен голман кој ќе биде дел од овој тим.
Стивен е постар брат на Александар Колевски, и за прв пат ќе настапуваат во иста екипа.
Новиот голман доаѓа од редовите на Светлост од Кукуречани, каде што беше нивен долгогодишен член и капитен на екипата.