„РОМАНТИЧАРИТЕ“ СО ДВЕ СРПСКИ ЗАСИЛУВАЊА

Стевановиќ и Стевиќ потпишаа за Работнички

Претходно, нови членови на Работнички станаа и Оливер Пеев и Филип Петковски.

објавено: 8 јуни 2018 - 12:52

Работнички се засили со двајца фудбалери од соседна Србија. Нови фудбалери во тимот се Љубомир Стевановиќ (31), играч за врска, и Душан Стевиќ (22), десен бек, српски интернационалци кои во изминатиот период настапуваа во Грција.

Љубомир Стевановиќ е играч од средниот ред кој во минатото играше за македонскиот клуб Металург, а потоа беше дел од грчките клубови Калони, Трикала и Арис. Во Србија, Стевановиќ има настапувано за Младост Апатин и Банат Зрењанин. Тој потпиша едногодишен договор со ФК Работнички.

Душан Стевиќ има 22 години и игра на позицијата десен бек. Тој кариерата ја почна во Раднички Крагуевац, а изминатите две години настапуваше за грчкиот клуб Пансераикос. Стевиќ потпиша двегодишен договор со Работнички.

 

Најново во Фудбал