КРАТОВЦИ АНГАЖИРАА КВАЛИТЕТЕН ГОЛМАН

Стефан Истатов потпиша за Силекс

Истатов, по Петар Икиќ, е второто ново име меѓу кратовци. Во деновите што следуваат ќе има уште засилувања. Засега никој не го напуштил Силекс.

објавено: 6 јануари 2019 - 16:07

Стефан Истатов (26) од денеска е нов фудбалер на Силекс. Со него кратовци го засилија голманското место. Инаку Истатов во досегашниот дел од својата кариера има настапувано за Хоризонт, Брегалница,Љубанци, Кожуф, А.Пандев а до пред некој ден беше член на Феризај од Косово.

Претходно Силекс ги засили своите редови и со Петар Икиќ, офанзивец од Србија. Како што велат кратовци, во моментов се водат преговори со неколку играчи со кои би можело да се потпише. Од друга страна пак сите кои сега се членови на Силекс се врзани со договор, и без одобрување на клубот не би можеле да го напуштат Кратово. Оваа зима, за разлика од некои други минати преодни рокови, во Силекс нема да има класична трансфер листа.

Најново во Фудбал