ПРИСТИГНА ПРВАТА КАНДИДАТУРА ЗА НАСЛЕДНИК НА ЃОРЃИОСКИ

„СПОРТМЕДИА" ДОЗНАВА: Хаџи-Ристевски сака да се врати на тронот – се кандидира за претседател на ФФМ!

Харалампие Хаџи-Ристевски и официјално поднесе кандидатура за позицијата прв човек на Фудбалскаата федерација на Македонија која остана празна по заминувањето на досегашниот преседател, Илчо Ѓорѓиоски...

објавено: 6 август 2018 - 19:28

Назад на кормилото на ФФМ, на првата, претседателската позиција во нашата фудбалска федерација.

Тоа е идејата на Харалампие Хаџи-Ристевски.

Некогашниот претседател на нашата најбогата спортска федерација, по пауза под шест години повторно посака да владее со македонскиот фудбал, во кој владееше скоро цела една деценија.
Пред се затоа што во текот на денот, испратил и официјална кандидатура за оваа позиција која треба да се пополни на претстојното изборно Собрание на ФФМ, закажано за 1. септември.
Пред шест години, прилепчанецот беше сменет од оваа позиција токму од Илчо Ѓорѓиоски, кој пред извесно време се повлече од функцијата, и го остави ова место празно.
Попладнево во „Куќата на фудбалот" во Скопје, групацијата која стои зад кандидатурата на Хаџи-Ристевски, поточно претставници на ОФС од Неготино, ја поднела претседателската кандидатура на Хаџи-Ристевски, како прва, иако претходно беа најавувани дека и некои други спортски работници се исто така заинтересирани за оваа и тоа како важна функција во македонскиот спорт воопшто.
И иако во овој момент тоа е прва кандидатура (зад која велат дека се вкупно 16 општински фудбалски сојузи), се очекува во наредниот период, поточно до 12. август до кпга е рокот за поднесување на пријави кој го постави трочлената изборна комисија на ФФМ, многу е веројатно дека Хаџи-Ристевски ќе има и свој против кандидат (и).
Веројатно тоа ќе биде поранешниот шеф на стручниот штаб на штипска Брегалница и некои други наши и странски клубови, Влатко Костов, зад кого требаше да застане токму општинскиот фудбалски сојуз на Штип.
Според Статутот на Фудбалската федерација на Македонија, тешко е да се утврди (не)легетимноста на кандидатурите во изборот за нов претседатле на ФФМ, па јасно е дека Комисијата за избор која по 12 август ќе ги има кандидатурите во своите раце, ќе има тешка задача да одлучи кој од најавените кандидати навистина и ги исполнува условите да се пријави на „конкурсот", односно изборот за нов предводник на македонскиот фудбал, најавен за првиот ден од септември.

Најново во Фудбал