БИТОЛЧАНИ ПОСАКУВААТ ДА БИДАТ ДАЛЕКУ ПОКОНКУРЕНТНИ НАПРОЛЕТ

Следува посилен Пелистер

Она што дефинитивно е договорено во Битола е тоа дека Пелистер напролет ќе биде засилен со неколку квалитетни играчи и дека посакува да се искачи на табелата што е можно повисоко.

објавено: 7 декември 2018 - 15:00

Еден од најголемите македонски фудбалски брендови, тимот на Пелистер во моментов не ги доживувва своите звездени моменти. Се наоѓа во втората лига, а и таму што се вели не цветаат рози. Затоа, за време на тековнава сега веќе зимската пауза во Битола ќе се обидат да ја поправат што е можно повеќе ситуацијата, да се постави клубот, на што е можно поздрави нозе и секако да се обидат Битолчани напролет и резултатски да се подобрат на табелата. Тоа секако дека е приоритет, а со оглед на малата разлика на бодовите на табелата во Пелистер веруваат дека сеуште имаат добри шанси да се вмешаат дури и во битката за првите места.

ЗАСИЛУВАЊА ПРЕД СЕ СО БИТОЛСКИТЕ ДЕЦА

Она птио од Пелистер го потврдуваат дека ќе се обидат зимава, да ги вратат во своите редови играчите кои се родум од Битола, односно кои се деца на Пелистер. Тука пред се се мисли на Петар Љамчевски, на Бурхан Мустафов, и на уште неколку кои во моментов настапуваат во други клубови, а не би имале ништо против да се вратат дома што се вели.

ПОДГОТОВКИ ВО ОХРИД ИЛИ СТРУГА

Од друга страна пак, од клубот потенцираат дека ќе се паузира околу месец и половина, а ќе се стартува потоа на 15. јануари. Подготовките се планирани да бидат во два дела, во домашни услови првенствено, а потоа и во Охрид односно Струга во зависност од околностите.

Најново во Фудбал