ДЕНЕСКА (13:00 Ч) СЕ ИГРА ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО КОЛО ВО ПМФЛ

Скопско дерби, тетовско дерби и „пандевци“ наострени за Вардар

Забревтаниот Работнички го дочекува Шкупи во битката за Скопје. Под Шара „гипсарите" ја предизвикуваат Шкендија, додека во Турново играчите на А. Пандев посакуваат три бода против Вардар.

објавено: 2 декември 2018 - 10:33

Денеска од 13:00 часот ќе се одиграат сите пет натпревари од последното есенско 18. коло во Првата фудбалска Лига на Македонија. Дури три меча го предизвикуваат вниманието, и сите три се дерби меча.

Во битката за Скопје на „Филип Втори" забревтаниот Работнички сака да ја продолжи победничката серија против Шкупи, тим кој што во последно време игра во одлична форма. Тоа ќе биде дерби за уживање.

Ренова ја предизвикува Шкендија...

Ренова е домаќин во тетовското дерби. Шкендија, актуелниот шампион и есенски првак, ќе има исклучително тежок испит против „гипсарите".

Сепак момците на Ќатип Османи ќе сакаат да се „извадат" по оној пораз од минатото коло против А. Пандев, ќе сакаат со три бода да потврдат дека во моментов се најдоброто нешто во мак - фудбалот.

Ништо помалку интересно ќе биде во Турново каде А. Пандев го дочекува Вардар и размислува само за три нови бода. „Пандевци" по триумфот над Шкендија посакуваат уште еден гигант да го урнат.

Силекс пак на свој терен игра против Беласица а во Кичево екипата на Победа, со нов тренер во името на Јане Николоски, ќе се обиде да дојде до што подобар резултат против „лавовите".

ДВОЈКИ ЗА 18. КОЛО

РАБОТНИЧКИ - ШКУПИ
РЕНОВА - ШКЕНДИЈА
А.ПАНДЕВ - ВАРДАР
ПОБЕДА - МАКЕДОНИЈА ЃП
СИЛЕКС - БЕЛАСИЦА

Најново во Фудбал