ДЕНЕСКА ОФИЦИЈАЛНО БЕШЕ ОТВОРЕНО НОВОТО ИГРАЛИШТЕ

Симев: Ова е прв проект од низата за Вардар да создаде поквалитетни фудбалери (ФОТО)

објавено: 27 декември 2014 - 14:15

Фудбалскиот клуб Вардар денеска и официјално го отвори новото игралиште во населбата Аеродром, кое првично ќе служи за тренинг на првиот тим, а во иднина ќе биде доделено на младите категории.

Теренот на игралиштето во близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ има сосема нова подлога и дренажа, а според извршниот директор на „црвено-црните“, Самоил Симев, е прв проект од низата кои ќе следат во иднина.

Согласно развојната програма на фудбалскиот клуб Вардар за подобрување на инфраструктурните капацитети, ова е прв проект од низата кои ќе следат во иднина за подобрување на условите на тренажниот процес. Фудбалскиот клуб Вардар со сопствена инвестиција изрши реконструкција на игралиштето до спортскиот центар „Јане Сандански“ на површина од 8.000 местри квадратни, извршена е санација на теренот, поставена е нова дренажа, кој ќе овозможи и во најекстремни услови да се одвива тренажниот процес, поставена е нова тревната површина на целото игралиште и се надеваме дека во иднина ова игралиште ќе биде добар мотив и поттик за сите фудбалери кои настапуваат и во првиот тим и во младинските категории. Овој терен за почеток ќе го користи првиот тим на Вардар, сѐ до изградбата на тренинг-центарот, а потоа ќе се додели на младинските категории, кои во иднина тука ќе го обавуваат тренажниот процес“, изјави Симев на отворањето.

Тој вели дека управата на Вардар е свесна дека инфраструктурата е главниот проблем во Македонија и се надева дека ова игралиште во иднина ќе им помогне на идните генерации да израснат во подобри фудбалери.

Свесни сме сами дека во Македонија најголеми проблеми во тренажниот, но и натпреварувачкиот процес, претставува инфраструктурата. Со изградба на вакви игралишта се надеваме дека на младите ќе им овозможиме перфектни услови за работа, пред сѐ да ги заштитиме самите нив од несакани повреди и последици од тренирањето на неквалитетни терени, а со тоа се ќе овозможиме добри услови во иднина во кои ќе можат да се обавуваат квалитетни тренинзи за да добиеме и поквалитетни фудбалери“, објасни Симев.

Најново во Фудбал