ЗА РАЗЛИКА ОД МИНАТИТЕ ПРЕОДНИ РОКОВИ

Силекс без трансфер листа и нема да се купува на ангро...

Релативен мирен зимски преоден рок може да се очекува во таборот на кратовскиот прволигаш. Челните луѓе на клубот велат дека освен 2-3 засилувања нема премногу да експериментираат.

објавено: 18 декември 2018 - 20:00

За разлика од минатите преодни рокови кога се случуваше да има по десетина заминувања и по десетина нови играчи, во Силекс претстојниот зимски преоден рок ќе биде досаден. Како прво кратовци велат дека нема да има класична трансфер листа, барем засега, а како второ досега никој од постоечкиот ростер не побарал да си оди.

Силекс, со оглед на тоа дека го чека жестока битка за опстанок во пролетниот дел, има намера да се засили само со 2-3 нови имиња. Тоа е логично ако се знае дека клубот има квалитетен ростер и дека со добра работа на зимските подготовки може да се направи тим кој што би можел да ги оствари клупските амбиции, а тие се избегнување на најлошото.

Да потсетиме дека Силекс, кој е некогашен трикратен шампион на Македонија, имаше турболентна есен. На крајот заврши на осмото место со 18 бодови, со бод повеќе од последните Победа и Беласица.

Најново во Фудбал