ИАКО Е ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ, НА ТРИБИНИТЕ ОКОЛУ 1.000 НАВИВАЧИ

Шкупи за почеток го совлада шампионот на Косово

Шкупи забележа триумф на првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за европското лето, но и за новата сезона. На домашен терен ја совлада Дрита со 2-0. 

објавено: 19 јуни 2018 - 20:42

Излезот во Европа дополнително ги мотивираше навивачите на Шкупи. Иако нивниот тим ред малку играше пријателски меч, сепак на стадионот во Чаир имаше околу 1.000 фанови на македонскиот тим. Поддршката од трибините и тоа како беше добредојдена, фудбалерите го совладаа шампионот на Косово, Дрита со 2-0 во првиот контролен натпревар во рамките на подготовките за настапот во Лига на Европа, но и за новата сезона, во која овој клуб влегува со многу поголеми амбиции. Стрелци на головите беа Омар Имери и Сухејб Мухарем.

Шкупи во Скопје ќе биде до 21 овој месец, потоа замина за Истанбул, а ќе тренира на кампот на Фенербахче. Засега стручниот штаб договори една пријателска средба против Нефчи од Азербејџан. 

Најново во Фудбал