ЧАИРЧАНИ ПРВИОТ СОБИР ГО ИМААТ НА 8 ЈАНУАРИ

Шкупи преку Дојран до Анталија

Во вторник, веднаш по прозивката, момците на тренерот Умит Каран патуваат за Дојран, каде ќе ја одработат почетната фаза од зимските подготовки.Главното следува во Анталија. 

објавено: 6 јануари 2019 - 18:30

Иако имаат евидентни проблеми, им заминаа четири – пет клучни играчи и се суште немаат ангажирано ниту едно ново име, раководството на Шкупи го изготви планот за тоа како ќе се одвиваат зимските подготовки.

Познато е дека на 8 јануари (вторник), момците на стратегот Умит Каран ќе го имаат првиот собир, односно прозивката а потоа веднаш се патува за Дојран каде ќе се одвива воведната фаза од зимските подготовки.

По еднионеделниот престој во нашиот познат туристички центар, следува враќање во Скопје за да на 17-18 јануари експедицијата на Шкупи се сели во Анталија. Таму чаирчани ќе одиграат најмалку три до четири пријателски или контролни средби. Во текот на следните неколку денови ќе треба да се доведат и неколку играчи зошто со заминувањето на Илијоски, Стојкоски, Типуриќ, Љамчевски и др. екипата е значително ослабена.

Најново во Фудбал