ПО САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ МИНАТИ НА КОСОВО

Шкупи го враќа Ален Јашароски!

Напаѓачот во јуни од Чаир се пресели во Приштина, следува враќање во тимот на Шкупи.

објавено: 12 декември 2018 - 11:35

Ален Јашароски веројатно ќе биде првото големо засилување во редовите на Шкупи. Имено од Чаир потврдуваат дека во моментов се водат разговори со напаѓачот, инаку член на ФК Приштина од Косово.

Инаку Јашароски во јуни токму од Шкупи направи трансфер во клубот од Косово, но сега по се изгледа дека е време за враќање. Кога сме кај Јашароски да споменеме дека тој во минатото има играно и за Металург, Скопје, Хоризонт Т, Работнички, Еуромилк, Македонија ЃП.

Од таборот на чаирчани велат дека во зимскиот преоден рок акцент ќе стават на засилувања од домашниот фудбалски пазар.

Најново во Фудбал