ЧАИРЧАНИ ТРГНУВААТ ПО „КАРИОКАТА“

Шкупи го „мерка“ Серџио од Работнички!

Раководството на Шкупи во своите редови го посакува еден од најдобрите фудбалери на тимот од Градски парк.

објавено: 31 мај 2018 - 15:50

Неофицијално дознаваме дека челниците на Шкупи го посакуваат во своите редови и Серџио Жуниор, офанзивецот на Работнички, кој во минатата сезона беше еден од најдобрите во тимот од Градски парк.

Проблем околу неговиот трансфер веројатно ќе биде и договорот што „кариоката" го има со Работнички. Инаку зелено светло за трансфер на офанзивецот од Бразил дал и самиот тренер Зекирија Рамадан.

 

СЕ ПРЕГОВАРА СО БЛАЖЕВСКИ

Чаирчани сакаат во својот напад да го имаат тандемот Илијоски - Блажевски, како што денеска пишува „Спорт". Илијоски го продолжи договорот до 2020 година а со Дејан Блажевски се водат интензивни преговори. Овој тандем би бил еден од најдобрите во Првата лига, заедно двајцата „тежат" 228 голови. Се споменува и напаѓач од Нигерија, тоа е Џејмс кој досега настапувал за Скендербег.

Најново во Фудбал