ОТКАКО УСПЕШНО БЕА ОПЕРИРАНИ

Шкендија во посета на своите Ибраими и Жуниор

Тренерот Османи и докторскиот тим на шампионот, ги посети во болницата „8-ми септември" во Скопје, Бесарт Ибраими и Стенио Жуниор.

објавено: 20 ноември 2018 - 19:27

Откако успешно беа оперирани во скопската болница „8-ми септември", Бесарт Ибраими и Стенио Жуниор беа посетени од делегација на ФК Шкендија која ја сочинуваа тренерот Ќатип Османи и докторскиот тим на клубот. Секако на „бомбардерот" и на „кариоката" им беше кажано стриктно да ги следат упатствата на лекарскиот тим во болницата и им се посака што побргу враќање на зелените терени.

Инаку врз Ибраими беше извршен оперативен зафат на парцијалниот лигамент а врз Жуниор пак зафат на менискусот.

Најново во Фудбал