ПОПЛАДНЕ СЕ ИГРААТ СИТЕ ПЕТ МЕЧЕВИ ОД 13. КОЛО ВО ПМФЛ

Шкендија - Шкупи, дерби за уживање...

Шампионот ги дочекува чаирчани кои под Шара ќе настапат драстично ослабени. Вардар во Маџари против Беласица планира нови бодови. Забревтаниот Работнички им гостува на „пандевци", „лавовите" против „гипсарите" ќе ги лечат раните...

објавено: 4 ноември 2018 - 10:20

Попладнево (13:30 часот) се играат сите пет натпревари од 13. коло во Првата лига на Македонија. Дерби е дуелот во Тетово, каде Шкендија со победнички мисли го дочекува тимот на Шкупи. Шампионот е во налет, победничката серија три меча па секако дека момците на стратегот Ќатип Османи посакуваат нови три бода. Шкупи пак влегува во ова дерби драстично ослабен со неиграњето на Илијоски, Љамчевски, Ндонг, Дакур и Занго. Некои поради повреда, некои пак поради жолти картони.

Ќе нема дуел меѓу „бомбардерите" Бесарт и Баже

За жал на сите на ова дерби ќе нема дуел меѓу најдобрите стрелци во историјата на Првата лига, меѓу Баже Илијоски (144 голови) и Бесарт Ибраими (141 голови). Имено од таборот на чаирчани најавуваат дека Илијоски е повреден и дека нема да настапи. Еве шанса Ибраими уште повеќе да му се приближи, а со евентуален хет-трик и да го стигне по бројот на постигнатите голови.
„Романтичарите" посакуваат најмалку бод во Турново

Работнички кој под водство на стратегот Жикица Тасевски е во добра форма, посакува на гостувањето кај А. Пандев да освои макар еден бод. Вардар „дома" во Маџари планира нова победа, додека во Ѓорче екипата на Македонија ЃП против „гипсарите" ќе се обиде да се рехабилитира по поразот од Вардар. Победа во Кичево пак му е домаќин.

ДВОЈКИ ЗА 13. КОЛО
ШКЕНДИЈА - ШКУПИ
А.ПАНДЕВ - РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР - БЕЛАСИЦА
МАКЕДОНИЈА ЃП - РЕНОВА
ПОБЕДА - СИЛЕКС

Најново во Фудбал